-->
-->
Јапонец доби старателство над 13 бебиња од девет сурогат мајки
-->
Тајландски суд му додели на еден Јапонец старателство над 13 деца, кои ги добил со девет различни жени, и тоа заради финансиска сигурност и „убедливите докази дека толку деца немаат врска со трговијата со луѓе“.
Неименуваниот 28-годишен Јапонец, годишно, од една голема јапонска фирма добива повеќе од три милиони долари и, како што наведува пресудата, неговиот план е децата „да ги одгледува“ во Јапонија.
Адвокатот на момчето вели дека тој самиот израснал во големо семејство, а поради лични и професионални причини, сака децата да растат во Јапонија.
Случајот трае уште од 2014 година, кога тајландските власти откриле дека тој живее во вонбрачна заедница со девет жени и 13 бебиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено