Јанушев: Граѓаните се тие кои кажаа дека референдумот е неуспешен, а договорот мртов

Ние не кажуваме од памет дека договорот е мртов, односно дека договорот треба веќе да го заборавиме, туку тоа го кажаа граѓаните кои се единствените кои што го даваат легитимитетот во однос на вакви најзначајни моменти во историјата на државата , изјави во емисијата Топ Тема на Телма телевизија, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
– Нема никој пратеник, нема никој човек во државава легитимитет да го бара ова што го бараат Заев и СДСМ. Никој ова не го ветил на избори, не излегол со ваква програма, референдумот доживеа фијаско. Сигурен сум во нашиот став и сигурен сум во однос на тоа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија ќе останат доследни, потенцираше Јанушев.
Во врска со напуштањето на седницата за уставни измени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тој посочи дека нема потреба од јалова дебата бидејќи изминативе месеци се што требаше во однос на договорот и целиот процес е кажано и јавноста е запозната со тоа и додаде дека на СДСМ за жал касно им текна дека треба да се разговара за договорот.
– Можеби касно, за жал но СДСМ конечно се свестија дека треба да зборуваат за договорот, бидејќи во целата онаа кампања за неуспешниот референдум не спомнаа ни Д од договорот, сега гледаме како сами на себе си држат говори во Собрание во однос на договорот, вели Јанушев.
Тој нагласи дека сите треба да сфатат дека договорот е завршена приказна, референдумот е неуспешен, договорот е мртов, и затоа нема што повеќе време да се губи и да се тактизира во Собрание.
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
