Јаневска: Ваучери за е-уреди се наменети само за студенти на додипломски студии

По наводите дека студенти запишани на магистерски (постдипломски) студии успеале да се пријават за доделување ваучери од 15.300 денари за купување електронски уреди, иако владиниот проект е наменет за студенти запишани на прв циклус студии, министерката Весна Јаневска денеска рече дека законот е јасен и се однесува на студентите на додипломски студии.
-Уште еднаш ќе потсетам дека тоа е акција на Генералниот секретаријат (на Владата). Ние сме посредници во остварувањето на правата на студентите. Законот вели дека право на ваучери имаат студентите на додипломски студии и на интегрирани студии до 29 години. Тоа е законот и според него студентите ќе добијат ваучери, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на кампањата против дискриминација во фудбалот.
Аплицирањето за набавка на електронски уреди почна во понеделникот, 17 ноември. Со ваучерот од 250 евра, студентите што ќе се пријават на повикот може да купат електронски уреди - лаптоп, таблет или персонален компјутер.
Како што е наведено во повикот, може да аплицираат студентите до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети. Аплицирањето е на линкот: https://vlada.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/vlada-zapocna-aplic...
МИА
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
