Јанева пред Советот на обвинители ќе објасни зошто исклучила две обвинителки пред Советот на обвинители ќе објасни зошто исклучила две обвинителки

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска треба да поднесе извештај пред Советот на јавни обвинители зошто го намали бројот на помошници од 12 на 10.
Јанева минатата недела од својот тим ги исклучи обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска
Претседателот на Советот за јавни обвинители Петар Аневски минатата недела за медиумите изјави дека во Советот е формирана тричлена комисија која ќе го испита овој случај, по што ќе бидат донесени заклучоци.
Кадриу и Ѓоревска на 20-ти овој месец го информирале Аневски, како што рече тој, видно вознемирени и револтирани за начинот на кој биле избркани од СЈО.
Тој додаде дека до Советот пристигнало писмено известување од специјалната јавна обвинителка спротивно на тврдењето на Кадриу и Ѓоревска и дека заради намален обем на работа било одлучено овие две обвинителки да се отстранат. Според Аневски, специјалната обвинителка вонредно е повикана во Советот поради сомневањето дека процедурата е прекршена.
Специјалното јавно обвинителство тврди дека нивната постапка е целосно во согласност со законот.
- Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе се јави на поканата од Советот на јавни обвинители. Таа пред комисијата ќе ја образложи својата постапка, која целосно е во согласност со законот. Не е спорно дека Советот има законско право да поставува прашања за работата на Специјалното обвинителство, вели портпаролката на СЈО Ленче Ристовска.
Ново на Сител
-

На Косово уапсен убиецот на Турчинот во Чаршија, му нанел четири убоди со нож во градниот кош и срцето
-

26-годишен маж од неготинско со трактор излетал од патот
-

ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот
-

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права
-

Следните денови променливо облачно со повремен дожд и потопло
-

Се уште нема информации за Македонецот кој исчезна по пожарот во Кран Монтана | ВИДЕО
-

Во „БМВ x5“ превезувал 10 кг. кокаин, уапсен 26 годишник во Количани | ВИДЕО
-

Снимен моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана | ВИДЕО
