Македонија
1. јуни 2017 - 14:08

Ја донеле мртва во болница - страшна несреќа во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 14 часот во Скопје, во болница „Систина“, со Итна медицинска помош донесена била почината Д.С. заедно со едно повредено лице, Џ.С.  двајцата од селото Копаница.

Додека истите се движеле со трактор кон патот за планината Жеден, Џ.С. изгубил контрола и се превртеле со тракторот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.