Извршниот директор на ФИБА на средба во Агенцијата за млади и спорт
Соработката помеѓу Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и ФИБА, како и помошта што Агенцијата за млади и спорт (АМС) ја дава во последните години за развој на младински категории и подобрување на условите за подготовка на репрезентативците биле тема на разговор на денешната средба во АМС со извршниот директор на ФИБА Камил Новак на која присуствуваа и генералниот секретар на МКФ Моника Гаврилоска и директорот на Федерацијата Владимир Темелковски.
На средбата, организирана од директорот на АМС Дарко Каевски, Новак искажал позитивни коментари за организацијата на Европското првенство У18-Б дивизија и изразил голема благодарност за домаќините.
Покрај тоа, се зборувало и за квалификацијата на Македонија за организација на Европското сениорско првенство во 2021 година во коорганизација со Грција, помогнато од АМС и Град Скопје, информираат од Агенцијата за млади и спорт.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден