Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела

Кумановското јавно обвинителство изврши увид во село Челопек и даде наредби за обезбедување докази и траги кои ќе се вештачат, соопшти денеска обвинителството. Од основното јавно обвинителство Куманово укажуваат дека едно лице е лишено од слобода под сомнение дека сторил кривично дело убиство. Од обвинителството наведуваат дека постојат сомневања дека лицето извршил и други кривични дела, за што исто така се преземаат дејствија.
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот. Дадени се повеќе наредби за обезбедување докази и траги од чие место кои ќе бидат предмет на вештачење. Едно лице е лишено од слобода под сомненија дека е сторител на кривичното дело – убиство. Постојат сомненија дека истото лице во претходниот период било извршител и на други кривични дела во кумановско за што по наредба на јавен обвинител интензивно се преземаат дејствија за испитување на околностите и поврзаноста на настаните, соопшти денеска ЈОРСМ.
По целосно испитување на настаните, ќе биде поведена соодветна постапка.
Полицијата соопшти дека уапсила дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во домот на жената, физички ја нападнал и со перница ја задушил.
МИА
Ново на Сител
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
-

УЈП: Краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април 2026 година
-

Родители од Делчево дозволиле нивните малолетни ќерки да живеат во вонбрачни заедници, едната од нив била силувана
