Македонија
8. October 2021 - 9:59

Извршен претрес во Неготино, приведени две лица, пронајдена дрога

На 07.10.2021 во 18.40 часот на ул.„Даме Груев“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода В.К.(32) и Д.К.(59), двајцата од Неготино. При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пари.  
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.