„Извештаи на Рисот“ кохерентен проект на Славе Ѓорго Димоски и Сергеј Андреевски
Издавачката куќа ПНВ Публикации ја објави книгата „Извештаи на Рисот“, оригинален и уметнички кохерентен проект составен од песни на Славе Ѓорго Димоски и цртежи на Сергеј Андреевски.
Книгата на 44 странци содржи дваесетина песни од Димоски и исто толку цртежи од Андреевски, распоредени во неколку циклуси.
Издавачите се надеваат дека покрај уживањето во поетско-уметничкиот израз, книгата со својот концепт и самиот наслов ќе има и еколошка димензија да ја подразбуди свеста за исчезнувањето на рисот од нашите планини.
Книгата претставуваа метафоричко-алегориски однос кон актуелното време, пред се врзано за нас самите. „Извештаи“ како строго полициски термин и „Рисот“, амблематичен лирски субјект кој што е симбол на индивидуалноста, на слободата и на дивиот порив, тајновито присутен во сенчестите агли на недопрените гори, но кој исчезнува или веќе е исчезнат, велат авторите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден