Изведба на операта „Дон Џовани“ со солисти од Италија
Македонската опера и балет вечер ќе го изведе популарното оперско дело од Моцарт „Дон Џовани“. Во најновата изведба диригент ќе биде Џанлука Мартиненги од Италија, кој е шеф-диригент во МОБ за оваа сезона.

Во претставата учествуваат солисти од Италија - во насловната улога ќе настапи Лука дел Амико, а гости се и неговите сонародници Роберто де Кандиа (Лепорело) и Џорџо Труко (Дон Отавио). Во екипата се и македонските солисти: Александар Стефановски (Комендаторе); Благица Поп-Томова (Дона Ана); Злата Тошевска (Дона Елвира); Гонца Богоромова (Церлина) и Васко Здравков (Мазето).
„Дон Џовани“ е опера во два чина со музика од Моцарт и италијанското либрето на Лоренцо да Понте, а се базира на легендите за Дон Жуан - измислен развратник и заводник.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
