Израелски напад врз Хамас, погодени воен камп и поморска база

Израел соопшти дека израелската војска утрово ги погодила позициите на Хамас, кој управува со Појасот Газа, откако биле истрелани ракети од таа палестинска територија.
Тоа беше првиот израелски удар против Хамас од почетокот на прекуграничните судири меѓу Израел и друга екстремистичка организација во Појасот Газа, „Исламски џихад“, кој има поддршка од Иран.
Конфликтот, најжесток во последните месеци, беше предизвикан од намерното убиство на високиот командант на „Исламски џихад“, кој заврши во четвртокот со прекин на огнот.
Израел досега се воздржуваше од напади врз Хамас, придржувајќи се до разбирањето постигнато преку египетските посредници по претходните судири со израелската војска.
Меѓутоа, денеска израелската војска го повтори ставот дека Хамас е одговорен за насилството кое потекнува од Газа, откако палестински екстремисти испукаа неколку ракети, иако беше постигнат прекин на огнот, со посредство на Египет.
Израел денеска објави дека противракетната одбрана пресретнала две ракети од Газа и дека во знак на одмазда биле нападнати воениот камп на Хамас и поморската база.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
