Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни

Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал Ерлајнс“ соопшти дека ги откажува летовите до голем број европски земји до 23 јуни поради тековниот конфликт со Иран, објави „Тајмс оф Израел“.
Засегнатите дестинации се: Берлин, Тбилиси, Барселона, Батуми, Варшава, Родос, Минхен, Тиват, Лисабон, Токио, Краков, Венеција, Солун, Марсеј, Крит, Кефалонија, Санторини, Кишињев, Белград, Тирана, Порто, Миконос, Лефкада и Москва.
Ограничувањето ќе важи сè додека безбедносната ситуација не стане појасна, соопшти „Ел Ал“. Во меѓувреме, компанијата работи на тоа да им овозможи на заглавените патници во странство да се вратат дома.
– Ги разбираме тешкотиите, неизвесноста и стресот што го доживуваат клиентите на „Ел Ал“ во странство кои сакаат да се вратат во Израел, како и клиентите чии планови се нарушени. Откако ќе добиеме одобрение од надлежните безбедносни и воздухопловни власти, ќе направиме сè што е во наша моќ за да обезбедиме што е можно повеќе Израелци да можат да се вратат дома. Постепено ќе го продолжиме нашиот редовен распоред на летови и со летови од дестинации блиску до Израел“, се вели во соопштението од авиокомпанијата.
Во меѓувреме, Советот за национална безбедност на Израел предупреди да не се патува во Израел преку Египет и Јордан, иако границите се отворени.
– Препорачуваме Израелците кои моментално се во странство и очекуваат да се вратат во земјата да чекаат ажурирани информации од Министерството за транспорт, се вели во соопштението за медиумите на Советот за национална безбедност.
По ескалацијата на непријателствата меѓу Израел и Иран, воздушниот простор на двете земји е затворен за цивилен воздушен сообраќај, откажани се сите летови, а израелските авиокомпании од петокото почнаа да ги преместуваат своите авиони надвор од државата.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
