Израел соборува ирански дронови над Саудиска Арабија
Израелската војска започна со пресретнување на ирански беспилотни летала над Саудиска Арабија, објави израелската телевизија Канал 12. „Тајмс оф Израел“ исто така објави дека израелските сили започнале со соборување дронови надвор од израелска територија, повикувајќи се на воени извори.
Претходно беше потврдено дека Иран лансирал повеќе од 100 дронови кон Израел како одговор на израелските воздушни напади синоќа. На дроновите им требаат неколку часа за да стигнат до израелска територија од Иран, а пресретнувањата започнаа веднаш штом влегоа во воздушниот простор над регионот.
Израел синоќа изврши голем воздушен напад врз повеќе цели во Иран. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и воени локации, вклучувајќи го и клучниот комплекс за збогатување ураниум во Натанц. МААЕ потврди дека Натанц е меѓу нападнатите локации и дека е во контакт со иранските власти за следење на нивото на зрачење.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека операцијата имала за цел „неутрализирање на егзистенцијална закана“, истакнувајќи дека Иран со години развива нуклеарни капацитети и отворено се заканува дека ќе го уништи Израел. Иран го затвори својот воздушен простор, а израелската војска го зголеми нивото на тревога за можен одговор, вклучително и лансирање дронови и ракети од Иран и територија под влијание на проирански групи.
Ново на Сител
-
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево
-
Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање
-
Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар
-
Голем пожар на Тасос, туристите се евакуираат
-
ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година
-
Едно лица смртно настрада во сообраќајка во близина на Охрид
-
Тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово
-
Објавен повик за бројот 116 000 за повикувачки центар за исчезнати деца