-->
-->
Израел одобри зголемување на дневната количина гориво што може да влезе во Газа
-->
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека е одобрено зголемување на дневната количина гориво што може да влезе во Појасот Газа.
Во соопштението не се наведува колку ќе биде зголемена испораката, туку само дека одобрениот „минимален износ потребен за да се спречи хуманитарен колапс и избивање епидемии во Појасот Газа“, пренесува Тајмс оф Израел.
„Овој минимален износ ќе се одредува од време на време од воениот кабинет, во согласност со стапката на заразеност и хуманитарните услови во Појасот Газа“, соопшти кабинетот на Нетанјаху.
Израелските медиуми јавуваат дека САД побарале дневната испорака од 60. 000 литри да се зголеми двојно или тројно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња