Изложба „Охридски филиграни“ во Софија
Во Културно–информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Охридски филиграни“ на Мирјана Николоска.
Мирјана Николоска е родена во Охрид, каде што живее и работи. Со изработката на филигрански мотиви, Мирјана Николоска ја продолжува традицијата на еден од најстарите и најубави занаети кој се одржал низ вековите. Таа создава исклучителни, уникатни и оригинални дела кои се типични за Македонија. Со нејзините креации таа ја негува традицијата, културата и македонското наследство.
Филиграните се изработени од компресирана хартија со срмен конец - во сребрени и златни варијации, декорирани со монистри и оригинални охридски бисери. Овие рачно изработени филиграни се во различни големини, зависно од композицијата, секој поодделно е уникатен, оригинален и препознатлив за македонското поднебје. Филиграните се изложени во многу продавници за сувенири во Македонија – во Скопје, Охрид, Вевчани. Авторката има остварено изложби во многу градови низ Македонија.
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан