Изложба на поетски дела од македонски автори во Москва
Во Библиотеката за странска литература во Москва е отворена изложба на поетски дела од македонски автори од сите генерации, насловена „Читај ја Македонија“, која ќе може да се посети до 26 јуни 2016 година.
Претставувањето на македонската поезија во Москва е организирано од поетесата и преведувачка Олга Панкина, а помогнато од Министерството за култура на Република Македонија.
Покрај изложбата на книги, поставена е и изложба на ликовни дела со македонски мотиви на руските уметници Александар Белугин и Светлана Орлова-Соло, како и изложба на фотографии „Убавините на Македонија“ на новинарката од Прилеп Каролина Мицевска.
Изложбата на 17 мај ја отвори македонскиот амбасадор во Москва Гоце Карајанов, а за македонската поезија и нејзиниот историски тек зборуваше академик Ристо Василевски
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР