-->
-->
Изложба на олдтајмери во Кавадарци
-->

Триесет колекционери од повеќе градови од Македонија денеска на изложбата на олдтајмери во Кавадарци ги претставија своите автомобили.
Главниот организатор на манифестацијата кавадарчанецот Мите Ташев истакна дека е задоволен од одѕивот на изложбата што ја организира веќе четврта година.
Годинава, како што рече, времето не ни е сојузник, но денеска имаме голема посета.
- Ова е показател дека олдтајмерите кај нас се омилени и за нив се обрнува големо внимание за да бидат речиси нови и во возна состојба. Оваа голема посета зборува дека луѓето се интересираат какви биле некогаш љубимците на четири тркала. Овие возила од пред 30 и повеќе години и сега можат да се вклучат во сообраќајот што ги прави достојни за сите времиња, рече Ташев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
