Изложба на дела од Христина Деолска

Во организација на Националната установа центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, во фоајето на Спомен-домот „АСНОМ“ денеска се одржа првата самостојна изложба на слики работени во техниката енкаустика на делчевската уметничка Христина Деолска.
На отворањето на изложбата, која привлече значителен број посетители љубители на уметноста, директорот на НУЦК од Делчево, Љупчо Петровски истакна дека ова е прва изложба на дела израбтени во техниката енкаустика.
- Оваа изложба е несекојдневна, бидејќи прв пат нашата публика се среќава со вакви дела изработени со техника енкаустика, односно се работи за уметнички израз преку восочни бои кои со пегла се нанесени на хартија и претставуваат творештво во кое може да се насетат чувствата на нашата уметничка Христина Деолска. Изложбата ќе биде отворена за посетители и нареднава недела, а изложени се 30 творби. Соработката со Деолска започна уште лани, на промоцијата на нејзината прва книга поезија „Меѓу јавето и сонот“, рече Петровски.
Деолска истакна дека со оваа уметност чии корени водат од Египет се запознала преку интернет и и дала инспирација.
- Јас 10 години ја работам оваа техника и имам околу 100 слики изработени со восочни бои и пегла. Технката е многу инспиративна и ми дава можност преку боите да ги изразам моите чувства. Оваа техника кај нас е реткост, но ја практикуваат уменици од соседните земји и од Европа, така што се поврзам со многу имиња на уметници и од целиот Балкан со кои разменувам искуства и се консултирам, рече Деолска.
Христина Делоска е познатата делчевска поетеса чија поезија привлекува внимание кај делчевската публика. Таа ја подготвува за печатење и втората книга поезија.
Ново на Сител
-

Трајановски: Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Бројот на жртвите од земјотреси во Венецуела надмина 6.500 луѓе
-

За Богородица обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка
-

Во САД регистрирани првите овогодишни смртни случаи од морбили, епидемијата се шири
-

Утре и на 31 август ќе се прска против комарци во пет општини од Југоисточниот плански регион
-

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“
-

Администрацијата на Трамп привремено ги суспендираше термините за визи ширум светот
-

116 години од раѓањето на Мајка Тереза
