Изложба на дебарскиот ликовен уметник Дритан Боцку
Во уметничката галерија во Дебар, која е сместена на новиот градски амам, отворена е самостојна изложба на ликовниот уметник Дритан Боцку.
На изложбата се поставени 34 слики, главно работени во акварел техника, на кои се претставени пејзажи од дебарско-мавровскиот регион. Станува збор, пред се, за пејзажи од Дебарското Езеро, реките Радика и Црн Дрим, како и куќи со стара градска архитектура, како и културно-историски споменици со кои изобилува овој крај.
Посебен интерес кај посетителите побудија сликите на Еленски скок и малиот тунел на патот Дебар - Маврово, кој повеќе не постои. Споменатиот тунел, кој се наоѓаше во близина на селото Јанче, според записите бил најмалиот тунел во Европа.
Изложбата ја отвори градоначалникот на Дебар Ружди Љата, а за неа зборуваше и Арбен Јајага, претседател на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Арт-култ 57“, кое е и организатор на изложбата. Финансиски изложбата е подржана од Министертвото за култура на Република Македонија.
Авторот Боцку е роден во Дебар во 1980 година, а дипломирал на факултетот за ликовна уметност во Тетово. Има одржано многу самостојни изложби, а учествувал и на заеднички изложби во Тетово, Гостивар, Скопје, Пешкопеа и други градови.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид