Изложба „Млади кривопаланечки уметници“
Во уметничката галерија во Градскиот музеј во Крива Паланка синоќа беше отворена изложбата „Млади кривопаланечки уметници“.
Ова е прва заедничка изложба на младите ликовни уметници од Крива Паланка. Содржи триесетина дела од седум млади академски сликари и графичари: Христина Стојчевска, Пепица Јаначковска-Стојчевска, Анета Стојчевска, Маја Јаќимовска, Јорданчо Ристовски, Ален Алексовски и Стефан Јакимовски.
- Вечерва во оваа галерија се слави младоста. Собрани се дела на нашите млади кривопаланечки автори, дел од нив веќе се етаблираат во уметничката јавност со своите изложувања во и надвор од државата. Тие се претставници на новата авангардна генерација кривопаланечки уметници школувани во европските центри, а прв пат се претставуваат на заедничка изложба, истакна Драган Величковски, директор на Градскиот музеј од Крива Паланка.
Ѓорги Костовски, историчар на уметност при Музејот, рече дека е исклучително важно да се претстават младите ликовни таленти, но и оние кои подолго време творат, за да се запознае пошироката јавност со фактот дека тие со голем ентузијазам создаваат прекрасни и вредни дела.
- Мислам дека е време младите уметници да добијат ветар во грб, а токму тоа е и целта на ваквите проекти и изложби, со кои делата се проектираат во јавноста и таа одблиску се запознава со делата кои го презентираат талентот на овие сликари. Поради тоа изложбата има и продажен карактер, па покрај самопотврдувањето на авторите се создава можност нивниот труд да се валоризира што многу ќе им значи, рече Костовски.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Ново на Сител
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди
-
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата
-
Учениците на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел