„Изгубениот град“ кај Закинтос - природен феномен

„Столбовите“, „ѕидовите“ и „поплочените улици“ откриени на морското дно во близина на грчкиот остров Закинтос, за кои се претпоставуваше дека се остатоци од одамна „изгубен град“, всушност претставуваат форми создадени по природен пат, објавија грчките медиуми.
Т,н, „Изгубен град“ беше откриен од група нуркачи пред три години, но сега откако грчки и британски научници го истражија локалитетот, утврдија дека не станува збор за никаков древен град потопен од морето.
Научниците, предвиодени од професорот Џулијан Ендрјус од Универзитетот на Источна АНглија, утврдија дека формите на локацијата се создаден од минерални наслаги од микроби, кои се хранат со метанот што излегува од пукнатините на морското дно.
Ваквиот процес во науката е познат како конкреција и според истражувачите, тој на локалитетот кај Закинтос трае веќе околу пет милини години.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
