ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња

Европската Унија се согласи да воведе трајна гранична вредност за токсинот цереулид (cereulide) во бебешките формули по скандалот со контаминирана храна за бебиња, пренесе ДПА.
Од декември 2025 година, во повеќе европски земји беше откриено адаптирано млеко во прав за бебиња произведено со контаминирано масло од арахидонска киселина увезено од Кина, што предизвика масовни повлекувања на производи од пазарот.
Цереулидот е токсин што го произведуваат бактерии и кој може да предизвика ненадејна мачнина, повраќање и болки во стомакот од 30 минути до шест часа по неговото консумирање.
Комисијата соопшти дека „неговото присуство во прехранбените производи е предизвикано од недостатоци во производствениот процес“.
Новата безбедносна граница ќе се применува на сувите и течните производи од почетните формули за доенчиња, производствените формули по период на доење и храната за посебни медицински намени за доенчиња.
МИА
Ново на Сител
-

И кравите ќе завршат во затвор: Одземениот добиток од Крива Паланка ќе биде сместен во КПД Идризово и Прилеп
-

Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
-

Кривична за Кумановец кој го полил семејниот дом со запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали ќерката
-

Во изминатото деноноќие приведени осум возачи, седуммина управувале возило без положен возачки испит
-

Сара со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – Корабоски не дојде, судењето одложено
-

Приведен 38-годишник и поднесена кривична пријава по брза постапка за убиството кај Смилковско езеро
-

Негативен природен прираст во третото тримесечје - За 647 повеќе умрени отколку родени
-

Невработеноста намалена за 2,4 проценти на годишно ниво
