Изграден регионален пат Ранковце – село Крилатица, Кратовско

Средства во висина од околу 40 милиони денари од јавното претпријатие Државни патишта на Македонија се инвестирани во изградбата нановиот регионален пат, меѓуопштинскиот пат Ранковце - село Крилатица, општина Кратово.
Градоначалникот на општина Pанковце, Ивица Тошевски, информира дека патот е со вкупна должина од шест километри, од кои 4 се на подрачјето на Ранковце.
- Патот е завршен и веќе е во функција. Тој е во должина од шест километри и широчина од четири метри. Патот ги поврзува општина Ранковце- центар- маала Бабунци-село Ветуница до село Крилатица во Кратовско, со што скратен е значително патот кој досега жителите на двете општини го минуваа преку месноста Чатал, кај Страцин. Направени се и дополнителни пет километри тампониран пат, истакна Тошевски.
Патот е особено фреквентен во време на пазарните денови во двете општини, кога жителите ги пласираат земјоделските производи на пазарите.
- Овој регионален пат најмногу го користат жителите и трговци од Ранковце и околните села, како и на кратовските села Османци, Трновац и Крилатица. Намалени се и времето за патување и трошоците на граѓаните, бидејќи нема потреба од заобиколување, како претходно преку Чатал. Oлеснет е и сообраќајот на магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка, додаде Тошевски.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
