Изграден е пешачки мост во мариовското село Градешница

Општина Новаци ја заврши изградбата на мост за пешаци во мариовското село Градешница, во должина од 14 метри, со средства обезбедени од буџетот на општина Новаци.
- На барање на жителите од мариовското село Градешница донесовме одлука да им се изгради нов пешачки мост. Тоа го направивме со средства од сопствениот буџет во износ од 1,5 милиони денари. Станува збор за мост кој е наменет за пешаци и лесни возила кои сега непречено и безбедно ќе минуваат по мостот долг 14 метри. Мостот е изграден квалитетно со челична решеткаста конструкција а потоа врз неа е направена бетонска плоча, информираат од општина Новаци.
Во ова мариовско село наскоро ќе почне втората фаза од реконструкцијата на црквата Св.Димитрија која датира од 16.век и е под заштита на Управата за заштита на културно наследство на Република Македонија.
Средствата во износ од 38.000 евра се обезбедени од ИПА проектот „Жива историја, жива природа 2“ за прекугранична соработка помеѓу Македонија-Грција, посочуваат од локалната самоуправа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
