-->
-->
Изгоре плевна во Лешок
-->
Материјална штета од околу 180 илјади денари претрпел М.К.(71) од тетовското село Лешок по големиот пожар што вчера околу 18 часот од засега неутврдени причини избувнал во неговата плевна, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, пожарот бил забележан и пријавен од страна на сосетка на сопственикот.
- Од огнот била целосно опожарена покривната конструкција на објектот во кој имало повеќе алатки за обработка на земја, електрична косилка, стар паркет и 5-6 бали слама. Со интервенција на тетовските пожарникари огнот бил целосно локализиран и при тоа нема повредени лица, рече Јосифовски.
Увид на местото од пожарот бил извршен денеска и се работи на утврдување на причините за неговото избувнување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
