Македонија
14. April 2017 - 13:49

Изгоре куќа во крушевско Локвени

Вчера околу 15.30 часот во с.Локвени, општина Долнени, настанал пожар во куќа сопственост на А.И. (61), при што целосно биле изгорени кровната конструкција и една соба, додека две соби биле целосно опожарени.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крушево. 

Се претпоставува дека пожарот настанал од дефект на електрична инсталација. 

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.