Изгласан деловникот за работа на Комисијата за следење на ПИМ

На денешната прва седница собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана беше изгласан Предлог-деловникот за работа.
По барање на членовите на Комисијата, усвоен е предлогот покрај претседателот на Собранието и претседателот и заменикот на Комисијата, седници да можат да се одржуваат и по иницијатива на нејзините членови-пратеници.
На седницата е усвоен и заклучокот дека членовите на Комисијата треба да ги посетат институциите за кои имаат надлежности и да се запознаат со нивната работа и дали има и какви евентуално посебни истражни мерки се применуваат.
Пратничката Солза Грчева оцени дека оваа Комисија со отсуство на опозицијата може само формално да работи, затоа што суштинско е со неа да претседава пратеник од опозицијата, а мнозинството од членовите исто така да бидат од редовите на опозицијата. Таа побара одговор од претседавачот на Комисијата Павле Саздов зошто е назначен пратеник од редовите на ВМРО - ДПМНЕ, а не од опозиција.
Според пратеникот Талат Џафери, кој се согласи со Грчева дека за да функционира професионално и непристрасно и за да профункционираат надзорните механизми е потребно претседателот, заменикот и мнозинството членови во Комисијата да бидат од опозицијата, важно е да се разгледа и законската рамка во детали за нејзиното функционирање, за да се отстранат сите недостатоци во деловникот за работа, кои се провлекувале и во претходниот состав. Во таа насока, предложи, да се одржи заедничка седница на комисиите за надзор на работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање и за надзор на институции и за над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана. Џафери меѓу другото смета дека е потребно да се предвиди и можноста за стручни лица односно експерти од технички аспект, кои ќе помогнат во извршувањето на надлежностите на оваа Комисија.
Ново на Сител
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
-

Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок
-

Зеленски: По нападите врз центрите за податоци на „Јандекс“, има помалку ботови и омраза на социјалните мрежи
-

Хрватска набавува јужнокорејски ракети со дострел до 500 километри, потврди Пленковиќ
-

МП за случајот со Михајлова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман
-

Ивановиќ: Црна Гора денеска ќе затвори три преговарачки поглавја со ЕУ
-

Ѓорѓиевски: Во Скопје в среда продолжува најголемата еко-акција досега
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство
