Изгаснат пожарот кај гевгелиското село Моин
Пожарот што избувна вчера во попладневните часови во месноста „Срнак“ кај селото Моин, во вечерните часови бил локализиран и изгаснат од страна на пожарникарите и шумските работници, потврдија денеска од ТППЕ Гевгелија.
Пожарот почнал од една нива кај моинскиот краварник, од спротивната страна на Конска река, но со помош на ветерот од запалената сува трева брзо се ширел на кај селото и објектот на поранешната караула кои со брза интервенција на три противпожарни возила,присутните пожарникари и шумски работници биле заштитени од огнот.
Освен сувата трева, огнот зафатил и нискостеблеста шума, најмногу прнар и до моментот на неговото гаснење се проценува дека ја изгорел вегетацијата на површина од 12 хектари.
Утрово на местото на пожарот замина екипа од Шумското стопанство од Гевгелија, која уште го набљудува опожарениот терен, но велат дека повеќе не се појавил активен оган и дека жителите на селото Моин може да бидат спокојни.
Со оглед на фактот дека пожарот почнал од нива, се претпоставува дека е причинет од човечки фактор.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“
-
Му упаднал дома го истепал и му го украл телефонот, уапсен велешанец
-
Украина: Уништени 12 проектили и 31 беспилотно летало за време на руските воздушни напади ноќеска