Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија

Почитувани претставници на медиумите,
Партијата на Власите од Македонија (ПВМ) Ве известува дека на последниот состанок на Републичкиот Одбор, согласно статутарните одредби и демократските принципи на партијата, беше избран нов претседател, г-дин Стерјо Папули.
Новото раководство ќе продолжи со континуирана и посветена работа во интерес на нашата заедница, во насока на остварување на стратешките цели и принципи што ги застапува партијата. Во своето прво обраќање, претседателот Папули ја истакна важноста на заедништвото и визијата за понатамошен напредок, потенцирајќи дека „секој наш чекор денес е инвестиција во иднината на нашите граѓани и генерации што доаѓаат“.
Претседателот истакна дека „ова не е само личен предизвик, туку и заедничка мисија – да создадеме позитивни промени, да ја зајакнеме нашата заедница и да го претставиме нашиот глас на вистинскиот начин“. Тој потенцираше дека „изминатите години ме научија дека единството е наша најголема сила. Со вашата поддршка и доверба, исполнет сум со ентузијазам и решителност да продолжам да работам за нашата заедница“.
ПВМ останува доследна на својата мисија да биде силен застапник на правата и интересите на власите во Република Македонија и активен чинител во креирањето на политики кои ќе придонесат за општествен и економски развој. „Нашата визија е јасна: да создадеме општество каде што нашата заедница ќе биде препознаена, почитувана и вклучена во сите аспекти на општествениот живот“, додаде Папули.
Ви благодариме за интересот и Ве охрабруваме да ја следите работата на Партијата на Власите од Македонија во наредниот период.
Со почит,
Партија на Власите од Македонија (ПВМ)
Ново на Сител
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
