-->
-->
Избори во САД: Демократите пред мнозинство во Претставничкиот дом, републиканците ја задржаа контролата над Сенатот
-->
Демократската партија е на пат да освои мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, додека републиканците успеаја да ја задржат контролата врз Сенатот, покажуваат нецелосните резултати од вчерашните конгресни избори во САД.Според резултатите од избраните 391 од вкупно 435 членови на Претставничкиот дом, демократите освоија 204 конгресмени, а републиканците 187. Предвидувањата се дека на крајот демократите ќе успеат да освоја на 218 места, колку што се неопходни за мнозинство во Долниот дом на Конгресот.
Во Сенатот, пак, со досега избраните 28 од 35-те сенатори што одеа на реизбор, републиканците веќе освоија 51 место, колку што е неопходно за сенатско мнозинство. Демократите досега загубија три од местата што досега ги држеа и во мометов имаат 42 сенатори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
-

Министерката Јаневска на 24. Светски образовен форум во Лондон, ќе се обрати на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на факти
-

Кина: Постигнат е напредок во трговските преговори со САД
