-->
-->
Ивановиќ Челзи го замени со Зенит
-->
Репрезентативецот на Србија Бранислав Ивановиќ е нов член на руската екипа Зенит. Ивановиќ досега настапуваше за лондонски Челзи, а дресот на Зенит ќе го носи во следните две сезони со можност за продолжување на уште една.
Според руските медиуми Ивановиќ годишно ќе заработува 3,5 милиони евра без бонуси.
Ивановиќ од Челзи си замина без обештетување, а клубот од Лондон тоа го направи за неговиот допринос за осум и пол сезони минати во овој клуб со кој освои две титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите и Лига Европа.
Во Челзи тој одигра 377 натпревари и постигна 34 голови.
Ивановиќ пред доаѓањето во Челзи настапуваше за руската екипа Локомотив Москва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден