Иванов прими ученици и наставници во пресрет на Денот на настава на турски јазик
Во пресрет на одбележувањето на Денот на настава на турски јазик - 21 декември, претседателот Ѓорге Иванов денеска прими ученици и наставници од основни училишта во кои се одржува настава на турски јазик во земјава, како и претставници од Сојузот на турски невладини организации - МАТУСИТЕБ.
Иванов, честитајќи им го празникот на припадниците на турската етничка заедница во Македонија, истакна дека турската заедница во Македонија и македонската заедница во Турција заедно имаат многу важна улога во развојот и унапредувањето на односите меѓу двете држави.
Претседателот, како што соопшти неговиот Кабинет, посочил дека Турција е една од првите држави што ја призна независноста на Македонија. - Република Турција се покажа како стабилен поддржувач и пријател на Република Македонија. Најнапред со признавањето на независноста, а подоцна и со активната поддршка на нашиот евроатлантски пат, рекол претседателот Иванов.
Учениците и наставниците од основните училишта и претставниците од Сојузот на турски невладини организации – МАТУСИТЕБ, му се заблагодариле за претседателот Иванов за неговиот личен придонес за унапредување на турската култура и пријателските односи меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија
-
Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре ќе биде познато колкумина ќе гони Обвинителството за пожарот во Кочани
-
Над 100 од повредените во Кочани ја контактирале Владата – доставиле предлози и барања за нивниот процес на опоравување
-
Нема да има средба Силјановска - Радев во Хаг, но дали претседателката ќе се сретне со бугарскиот премиер
-
Пропадна обидот за воведување една изборна единица
-
Јанев: Коруптивните дејствија во полицијата и институциите ќе се пријавуваат онлајн