Италијански експерт: До Божик ќе се преполови бројот на заразените
Бројот на починати од последиците на Ковид-19 во Италија, 11 месеци од почетокот на пандемијата, надмина 50.000, а само во последните 24 часа е зголемен за 630 нови жртви на инфекцијата, јави агенцијата Анса.
Вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата е еден милион и 400 илјади.
Бројот на новозаразени опаѓа во последните десет дена, а експертите велат дека тоа е резултат на строгите мерки наметнати од Владата на премиерот Џузепе Конте.
Роберто Батистон, професор по физика на Универзитетот во Тренто, изјави дека новиот бран во Италија ќе го достигне својот врв помеѓу 26. и 27 ноември во Италија, а бројот на заразени, во моментов 830.000, на Божик ќе се намали за половина.
Според математичка пресметка за развојот на пандемијата, достигнат е врвот на хоспитализирани пациенти во италијанските болници, вкупно 38.200.
Научниот советник на министерот за здравство, професор Валтер Рикарди, рече дека е потребно да се продолжи со ограничување на движењето што е можно повеќе, барем уште еден месец, со цел да се зачуваат резултатите постигнати со примена на мерките.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест