Италијанска помош за УНХЦР наменета за бегалците

Италијанската влада одобри посебен паричен надомест во вредност од 250.000 евра за УНХЦР, со цел да ги поддржи напорите на Република Македонија во справувањето со тековната криза предизвикана од бројниот прилив на бегалци кои доаѓаат, особено од Блискиот Исток, по должината на т.н. „Балканскиот коридор“, соопшти денеска Канцеларијата за односи со јавноста на Амбасадата на Италија во Скопје.
- Овој придонес кој ќе биде реализиран преку владината агенција Кооперационе Италиана (Cooperazione Italiana), е потврда на одличните билатерални односи, и се придодава на веќе реализираната помош на Италијанската влада доделена пред неколку недели на Црвениот крст на Македонија, преку Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, се додава во соопштението.
Помошта, како што се вели во соопштението, е насочена кон подобрување на постојните прифатни и транзит центри во корист на бегалците и мигрантите, особено имајќи го предвид бројниот дневен прилив на луѓе кои пристигнуваат во Македонија и неопходните подготвителни активности во пресрет на престојните зимски врменски услови (т.н. "winterization").
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде меѓу најпогодените од војната на Блискиот Исток, вели ЕБОР
-

Тема на денот со Раби Седрак, директор на институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии
-

6 години членство во НАТО - Македонија кредибилен партнер во Алијансата
-

Трамп го продолжи ултиматумот кон Иран за Ормускиот Теснец
-

Филипче бара мерки од Владата, Мицкоски најави намалување на акцизата ако расте цената на нафтата
-

Војната на Блискиот Исток веќе ги зголемува производните трошоци
-

Новиот државен обвинител одби да ги коментира изјавите на премиерот Мицкоски
-

Нов обвинител ќе ги преземе предметите против полицајците за „Пулс“
