Италија не го менува буџетот и покрај предупредувањата на ЕУ
Италијанската Влада имаше до вчера да го измени нацрт-буџетот за да го усогласи во правилата на ЕУ, но тој останува ист.
Владата во Рим денеска презентираше идентичен буџет на претходниот, иако Брисел го нарече “девијација без преседан“ од правилата.
Дефицитот останува на 2,4 отсто од БДП, иако министерот за финансии на Италија, Џовани Триа, уверува дека таа бројка претставува „граница што нема да се премине“. Владата во Италија уште еднаш побара флексибилност од страна на Европската Комисија, меѓу другото и поради уривањето на мостот во Џенова.
Владата смета дека овој буџет ќе овозможи економски раст, што потоа ќе доведе до намалување на огромниот италијански долг и дефицит. Рим има втор најголем долг во ЕУ после Грција.
Со ова Италија свесно се изложува на санкции од страна на Европската Комисија, иако многумина веруваат дека тие санкции нема да се применат, меѓу другото поради политичката чувствителност на темата непосредно пред европските избори.
Иако и ЕУ и Рим остануваат на своите ставови, двете страни изразуваат волја за дијалог.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата