Италија и Франција потпишаа договор за соработка, најавен уште во 2017
– Италијанскиот премиер Марио Драги и францускиот претседател Емануел Макрон денеска потпишаа договор за зајакнување на билатералните односи, во време кога европската дипломатија се соочува со тестот на заминувањето на германската канцеларка Ангела Меркел.
Квириналскиот договор, именуван по резиденцијата на италијанскиот претседател, беше најавен во 2017 година, а неговото потпишување денеска се случува кусо по потпишувањето на новиот коалициски договор во Германија, со кој заврши 16-годишното владеење на канцеларката Меркел.
Се очекува новата, „семафор“ влада во Берлин да биде повеќе фокусирана на внатрешните прашања, особено на почетокот на нејзиниот мандат, а Париз и Рим сакаат да ги продлабочат своите односи во период на економска несигурност, пандемии, наметливи Русија и Кина и „отсутните“ САД, коментираат светските агенции.
– Намерата на Макрон е да создаде нова оска со Италија, а во интерес на Италија е да биде дел од двоецот Франција-Германија, изјави италијански дипломатски извор.
Преговорите за Квириналскиот договор беа прекинати во 2018 година кога власта ја презеде популистичка влада која спореше со Макрон за прашањето за миграцијата.
Односите меѓу Рим и Париз дополнително се влошија во 2019 година кога францускиот претседател го отповика амбасадорот во Италија, но тие доживуваат ренесанса откако поранешниот шеф на Европската централна банка Марио Драги беше назначен за претседател на италијанската Влада за национално единство оваа година, додаваат агенциите.
Француски дипломатски извор, пак, ги отфрла тврдењата дека новиот сојуз меѓу втората и третата по големина европска економија претставува преструктурирање на француските дипломатски приоритети.
– Никогаш не сме играле на љубомората на европските партнери. Овие билатерални односи, кога се силни, се комплементарни еден со друг, рече Французинот.
Договорот меѓу Париз и Рим е делумно сличен на договорот меѓу Франција и Германија од 1963 година, кој предвидува француската и италијанската влада да ги координираат своите политики пред европските самити, како што тоа го прават Париз и Берлин.
Сите детали од новиот пакт сè уште не се претставени, но постои посебен интерес во областите на економските односи и соработката во стратешките сектори.
Француските компании инвестираа многу во Италија во последните години, но италијанските политичари ја обвинија Франција дека не им дава реципрочно добредојде на италијанските компании.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал