Истражување открива зошто Французите не се дебелат
Французите се познати по својата гастрономија - тие сакаат да јадат. Но, зошто многу од нив се витки, за разлика од Американците и Германците, каде што дебелината станува национален проблем?
Одговорот ја дава студијата на Центарот за истражување на животниот стил CREDOC. Истражувањето покажа дека тајната е во редовните оброци со семејството, кои го намалуваат ризикот од дебелеење.
Вкупно 90 отсто од калориите француски жени и мажи ги внесуваат за време на главните оброци, а само 10 проценти од ужинките меѓу оброците.Во САД, над 20 отсто од калориите се внесуваат надвор од појадокот, ручекот и вечерата.
Дебелите луѓе во Франција се само 15 проценти, додека во САД 27 проценти. Во Франција,храната е дел од социјалниот живот, се ужива во неа и се цени квалитетот, но за Американците, тоа е повеќе техничка активност, наведува Институтот.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце