Истражителите сметаат дека смртта на Џин Хекман и неговата сопруга е „сомнителна“

Смртта на американскиот глумец Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава е „сомнителна“, според истражителите. Иако нема јасни знаци на насилство и намерен напад, првично, тоа не е целосно исклучено, нагласуваат властите.
Телата на парот – како и нивното куче, беа откриени во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико, САД, во средата околу 13:45 часот, потврди шерифот на Округот Санта Фе, Ејдан Мендоза. Влезната врата, според полицискиот извештај, притоа, била „необезбедена и отворена“, а на имотот се пронајдени и две здрави кучиња, пренесува „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment).
Во првичните наоди, се наведува дека смртта на Хакман (95) и Аракава (63) била „доволно сомнителна по природа“ за да има темелна проверка и истрага, објави „Пипл“ (People).
Телото на Аракава, инаку пијанистка, се наоѓало во бањата. Покрај починатата имало отворено шише од апчиња што биле расфрлени на маса во близина на Аракава. Близу нејзината глава имало и греалка што, според истражителот, можеби паднала во мигот кога музичарката паднала. Угинатото куче е најдено во плакарот во близина.
Телото на Хекман се наоѓало во друг дел од куќата, т.е. „во просторијата за јакни и чевли“, како што вели извештајот. Се чини, глумецот паднал ненадејно. Покрај него имало и очила за сонце.
Ќерката на починатиот глумец, Елизабет Хекман, изјави за „Ти-ем-зи“ дека семејството се сомнева на труење со јаглерод-моноксид. Според наодите, сепак, „нема очигледни знаци на истекување на гас“, а влезната врата била отворена и можела да ги испушти можните гасни испарувања.
Шерифот Мендоза за „Њујорк тајмс“ изјави дека нема знаци на траума на телата. Не е пронајдена ниту белешка. Медицинскиот иследник веќе извршил обдукција. Првичните наоди утврдија дека нема надворешна траума кај ниту еден починат. Начинот и причините за смртта сѐ уште не се утврдени, зашо се чекаат и резултати од токсиколошките тестови.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
