-->
-->
Истекува рокот за аплицирање за обука за развој на претприемништво кај младите
-->
Сите заинтересирани млади лица од 18 до 25 години, државјани на Република Македонија уште денеска имаат можност да аплицираат за учество на обука за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини, организирана од Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претмприемаштвото.
Обуката, како што соопштуваат од Агенцијата, е составена од два модула, во кој првиот модул ги опфаќа претприемништвото, претприемачкиот процес и претприемачот, додека вториот модул од обуката се однесува на деловните вештини потребни за основање и водење сопствен бизнис.
Сите заинтересирани за учество во обуката, подетално може да се информираат од официјалната интернет страница на Агенцијата за млади и спорт, каде може да ја симнат пријавата и електронски да аплицираат за учество.
Денеска е последен ден за аплицирање за оваа обука што ја организира Агенцијата за млади и спорт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена