Испратен е инспектор на увид и не е пронајден отров, велат од Општина Карпош по пријавата дека е расфрлена отровна материја
Откако денеска Регионалниот центар за управување со кризи Скопје информираше дека е расфрлена отровна материја меѓу комплексот згради на крстосницата меѓу улицата „Варшавска“ и булеварот „8 Септември“, од Општина Карпош за МИА информираат дека бил испратен инспектор на увид и дека не е пронајден отров.
- По пријава на РЦУК Скопје, испратеивме испектор на увид на лице место и не е констатиран никаков отров, велат од Општината.
Претходно, Регионалниот ЦУК Скопје соопшти дека од Единствениот број за итни случаи Е-112 добиле информација дека на крстосницата на ул. „Варшавска“ со Бул. „8ми Септември“, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомни животни.
Пријавата, како што информираа оттаму, била доставена до Општина Карпош, до Полициската станица „Карпош“, од каде е добиена информација дека е испратена екипа на терен, како и до ЈП „Лајка“.
МИА ги контактираше ЈП „Лајка“ и Агенцијата за храна и ветеринарство. Од „Лајка“ информираа дека граѓани денеска го пријавиле случајот, но дека тие немаат надлежност за постапување, а од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека до нив е пристигнато вакво известување.
Ново на Сител
-
Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска
-
Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица
-
Тече истрагата за убиството на Вања и Панче, првосомничениот Палевски во притвор
-
Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач
-
Мицотакис: Било кое отстапување од Договорот од Преспа ќе има последици и во билатералните односи и на патот на Скопје кон ЕУ
-
Пелистер го совлада Работнички, ќе игра со МЗТ за титулата
-
Си и Путин се согласуваат за потребата од „политичко решение“ за конфликтот во Украина
-
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници