Испорака на огревно дрво во Кочани

Шумското стопанство „Осогово“ од Кочани, кое работи во состав на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, годинава според планот се очекува да дистрибуира 3.000 метри просторни дрва за оние граѓани кои веќе ја уплатиле потребната сума на средства за купување дрва.
Како што истакна Орце Димитровски, директор на ШС „Осогово“, испораката на огревно дрво засега се одвива континуирано и без проблеми. За испорака остануваат уште 600 метри просторни дабови дрва кои за метар просторен чинат 2.650 денари.
Од понеделник, истакнува Димитровски, ќе почне уплатата за купување букови дрва кои ќе се продаваат по цена од 2.370 денари за метар просторен.
- Сите договори со граѓаните се реализираат од наша страна. Граѓаните кои извршиле уплата за порачаните количини согласно со договорите, веќе ги добиваат количините огревно дрво. Ова се однесува и за физичките лица, истакна Димитровски.
Тој апелираше до граѓаните и за внимателно движење низ шумите и посебно да не се пали оган на отворено за време на престој во планина.
- Внимателно со палењето оган на отворено, бидејќи високите температури можат да бидат опасни по шумите. Во таа насока ќе биде и забраната за движење во шумите која секоја година претставува една од мерките за заштита од шумски пожари, рече Димитровски.
Со почетокот на оваа година во Кочанско од пожари се уништени 40 хектари борова и дабова шума.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
