Исмаили за Детектор: Мора да се стави ред – секој трет дуќан е кладилница

Измешани се работите во државата, секаде никнуваат кладилници и расте бројот на луѓе кои што имаат проблеми со зависноста од коцкањето. Ова за пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили се повеќе од доволно аргументи за неговата партија да ги поднесе измените во законот за игрите на среќа кои забрануваат да се отвораат кладилници во радиус од 3 километри околу населените места.
Тој за Детектор вели дека ред мора да се стави во овој бизнис
„Ние во август или септември имавме јавна дебата во Собранието. Таму се изнесени студиите кои покажуваат многу случаи кои завршиле трагично. Мислиме дека оваа појава во државата, последните години, поготово со затворањето на казината во соседните држави, кај нас мислиме дека зема еден голем замав. Јас живеам во центар во Куманово. Да не претерам, секоја трета продавница е или казино или спортска обложувалница. На ваков начин ние мислиме дека ќе порасне процентот на населението кое се коцка, бидејќи спортските обложувалници се регрутен центар за коцкање.“ – вели Исмиали
Ново на Сител
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања
