Искршени 7 блокатори, наплатна рампа и истепани двајца вработени од пајак службата во Тетово
Непознати сторители целосно ја оштетиле наплатната рампа на затворениот паркинг “Лирија”, спроти судот во Тетово. Случајот е пријавен во полиција, ќе се разгледуваат снимките од безбедносните камери, а против сторителите ќе следуваат соодветни казни, информираа од ЈП градски паркинг.
-ЈП “Градски паркинг” повторно апелира граѓаните да се воздржуваат од вакви несакани вандализми. Урбаната опрема треба сите да ја чуваме, градот припаѓа на сите подеднакво. Ова не е добра слика на нашето Тетово, додадоа од претпријатието.
Од претпријатието велат дека секојдневно се соочуваат со тешкотии во работењето. Само во изминатава недела насилно биле симнати 7 блокатори на тркалата кои биле поставени на возилата кои подолго време биле паркирани, а не платиле за паркинг.
Неодамна двајца вработени од пајак службата биле физички нападнати додека подигале непрописно паркирано возило. Тие се здобиле со полесни телесни повреди, а против напаѓачот е поднесена пријава во СВР Тетово.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица