ИСИЛ распна на крст 94 лица поради непочитување на рамазанските пости- Има и деца

Над 90 Сиријци, меѓу кои и пет деца, биле распнати на крст или камшикувани од екстремистите од Исламска држава затоа што не ги почитувале постите за време на месецот Рамазан, информира сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, цитиран од ДПА.
Организацијата документирала вкупно 94 случаи на распнување, камшикување или затворање во метални ќелии на прекршувачите на правилата за постите.
Ниту едно од распнатите лица, сепак, не починало, прецизира Центарот.
Оваа организација за правата на човекот, денеска, исто така, соопшти дека во воздушен напад на сирискиот режим врз еден од бастионите на ИД во Сирија, градот Ал Баб, убиени се 11 цивили, меѓу кои и три деца, пренесоа француските медиуми.
Хеликоптери на режимот на Асад врз градот контролиран од ИД, испуштиле напалм бомби.
Од сабота до сега најмалку 68 цивили биле убиени во воздушните напади на силите на режимот врз овој град во северна Сирија.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
