Иселувањето е една од најголемите закани за нашата национална безбедност, смета Пендаровски
После години поминати во следење и анализа на катастрофалните демографски индикатори, треба да разбереме дека иселувањето е една од најголемите закани за нашата национална безбедност, оцени денеска во своето годишно обраќање пред пратениците претседателот на државата Стево Пендаровски.
Решението, според него е, час поскоро, со натпартиски консензус да усвоиме стратегија за справување со овој огромен проблем.
-За ова, сите партии и политичари имаме идентичен став затоа што се иселува нашата младост, независно од етничката или партиската припадност. Неповратно заминува паметта, енергијата и креативноста на цели генерации кои имаат огромен потенцијал да ја направат својата земја пристојно место за живеење, потенцира Пендаровски.
Дали конечно ќе ја поставиме на здрави темели правната држава не е прашање на техничка реформа на некоја од правосудните институции, туку вели тој, тоа е егзистенцијално прашање за опстанокот на нашата држава.
-Од правната држава директно зависат: економскиот развој, демократијата, конечно, и емиграцијата. Младите и способните не ја напуштаат својата земја само заради гол опстанок, туку, често и поради (не)квалитетот на животот. А, правдата е еден од клучните аспекти на квалитетот на животот. Секој сака да живее во организирано општество и во држава со предвидлива иднина, рече шефот на државата.
Според Пендаровски, по случајот во кој беше инволвиран првиот човек на некогашното СЈО граѓаните како уште повеќе да изгубија надеж дека правдата и борбата против корупцијата се возможни.
-Наша обврска како политичари е, не на некој друг, таа надеж дека правдата е достижна и дека нема недопирливи, да им ја вратиме на граѓаните, потенцираше македонскиот претседател.
Владата, потенцираше Пендаровски, ја постави борбата против организираниот криминал и корупцијата за свој највисок приоритет и тоа е за поздравување.
-Меѓутоа, во Владата, исто така, треба да бидат свесни дека успехот во таа борба, ќе биде во исто време и клучниот индикатор, според кој, не Брисел, туку нашите граѓани ќе ценат дали ќе го оправда мандатот што го доби на изборите на 15 јули, истакна Пендаровски.
Ново на Сител
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
