-->
-->
Исчистен мостот на Вардар кај Башино Село пред влезот на Велес
-->

Денеска со интервенција на механизација што ја ангажира Општина Велес, а поради непрекинатите обилни дождови кои носеа поголеми кочичества на дрва и гранки низводно по Вардар, исчистен е мостот кај Башино Село пред влезот на Велес.
Како што информира за МИА Блажо Донев од Центарот за справување со кризи на Велес, со ова е отстранета опасноста од излевање на Вардар и опасноста од уривање на мостот, која е еден од приодите кон Велес.
- Механизација ангажирана од Општина Велес е постојано кај мостот на Вардар кај Башино Село, а поради опасноста по конструкцијата на мостот и негово уривање од поголеми наносина дрва, екипите веднаш реагираа на чистење на мостот. Поради наноси од дрва и гранки и непрекинатиот дожд овој мост беше чистен и во текот на ноќта, информира Донев.
Според информацијата од Центарот за справување на кризи и покрај дождовите нивото на Вардар кај Мало Мовче во Велес споредено со изминатиот петок кога беше на криточна точка, денеска е малку опаднато и изнесува 210 сантиметри и засега нема опасност од излевање.
Но, надлежните од Општина Велес и Кризниот штаб будно ја следат состојбата и викендов интервенираа на Вардар кај населбата Речани каде што беа поставени заштитни вреќи со песок, со цел да се спречи излевањето на Вардар и поплававувањето на куќите и викендиците во овој реон, информира Донев.
Посочи дека нивото на Вардар кај Демир Капија денеска изнесува 338 сантиметри по вчерашните високи 344 сантиметри. И покрај зголемениот водостој на Вардар и вчера и денеска немаше излевање на реката, вели Донев.
Денеска со интервенција на механизација ангажирана од Општина Неготино, а поради зголемениот водостој и наносите на дрва и гранки, се чисти и мостот на Вардар кај Пепелиште.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебни обвинувања за лицемерие, луксуз и криминал
