-->
-->
Ирски фудбалер доби милион евра на лото
-->
Ирскиот фудбалер Кевин О`Конор (22), инаку дефанзивец во англискиот второлигаш Престон, освои милион евра на новогодишна лотарија.
О`Конор наградата ја доби играјќи на Националната лотарија на Ирска. Добитниот лоз му го купил неговиот вујко како подарок за католичкиот Божик. Лозот е купен во Вексфорд, а О'Конор првично, доскоро не ни знаел дека е добитник.
- Мајка ми ми побара да и го фотографирам ливчето, оти победникот бил од нашиот крај. Не ни помислив дека е моето победничкото. Не ми се верува дека ја добив наградата, изјави О'Конор за британските медиуми.
О'Конор веќе година ипол настапува за Престон, со неделен надоместок од 15.000 евра. Претходно, играше за Корк сити и за Ватерфорд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи