Ирина Бабамова добитник на повелбата „30 Септември“

Ирина Бабамова е добитник на годинешното преведувачко призание повелба „30 Септември“, што го доделува Сојузот на литературни преведувачи на Македонија по повод Светскиот ден на преведувачот.
Повелбата беше доделена денеска на свечен собир во Друштвото на писатели во Скопје.
Претседателот на советот на Сојузот на книжевни преведувачи Стефан Симовски, рече дека Светскиот ден на преведувачот се одбележува во 56 земји и е установен во 2001 година од страна на УНЕСКО и Светската федерација на преведувачи ФИТ, што брои околу 70 илјади членови.
- Сојузот на литературни преведувачи на Македонија по повод светскиот ден на преведувачот го установи преведувачкото призание повелба „30 Септември“, кое се доделува на веќе афирмирани преведувачи кои имаат значајни преводи на капитални дела, рече Симовски.
Добитничката на повелбата Ирина Бабамова, изрази благодарност за укажаната чест и нејзиното издвојување како добитник на повелбата „30 Септември“.
- Преведувачката работа ми причинува навистина големо задоволство, но претставува и поттик за понатамошни мои залагања и работа на полето на преводот на дела од француската и франкофронската книжевност на македонски јазик, рече Бабамова.
Бабамова е редовен професор и шеф на катедрата за романски јазици и книжевнсот на Филолошкиот факултет во Скопје. Таа е родена на 6 април 1969 година во Скопје. Добитник е на повеќе одликувања, награди и признанија, меѓу кои наградата „Златно перо“ и „Божидар Настев“, почесното француско признание „Златен збор“ и орденот витез од редот на академските палми што го доделува француското Министерство за образование.
Ново на Сител
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
-

Маск го критикува шпанскиот премиер за планот за забрана на социјални медиуми на лица под 16 години
-

Обвинителството отвори предмет по наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Министерство за здравство: Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
