Иран предупреди на одлучен одговор на нови американски напади

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи предупреди против нова воена ескалација во конфликтот со САД, велејќи дека вооружените сили на Техеран ќе одговорат одлучно на каков било чин на агресија.
Во порака на Телеграм по разговорот со саудискиот министер за надворешни работи Фејсал бин Фархан, Арагчи рече дека САД, Израел и сите заливски држави што се вклучени ќе сносат целосна одговорност за какви било нови напади.
Откако почна војната во крајот на февруари, Иран често одговараше на американските напади со удари врз цели во заливските држави во кои има американски воени бази. Саудиска Арабија беше цел неколку пати.
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман разговараше со американскиот претседател Трамп за да ја изрази загриженоста на кралството во врска со извештаите за планирани нови напади, објави американскиот веб-сајт за вести Аксиос, цитирајќи американски извори запознаени со разговорите. Престолонаследникот го повика Трамп на деескалација, се вели во извештајот.
Арагчи исто така разговараше со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и со шефот на армијата на Пакистан, фелдмаршал Асим Мунир, кој неодамна посредуваше меѓу Вашингтон и Техеран. Во двата разговора, Арагчи рече дека Иран останува одлучен цврсто да одговори на каков било напад.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека го ставил на чекање планираниот нов бран воени напади врз Иран поради, како што опиша, напредокот кон дипломатски договор.
Трамп на Трут Соушл наведе дека суспензијата е условена со брзо постигнување договор.
Тој рече дека американската војска е подготвена да удри со сета своја сила, но дека Иран и другите земји во регионот побарале од Вашингтон да се воздржи од напад бидејќи биле договорени „рамките на договорот“.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
