Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
Иран упати ново предупредување до Бугарија поради одлуката да им дозволи на американски авиони да користат бугарски воени бази за полнење гориво додека учествуваат во операции во Заливот. Ова е трето вакво обраќање од Техеран, а следуваше кратко време откако американскиот претседател Доналд Трамп му изрази благодарност на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, објави „Euronews“.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, преку објава на социјалните мрежи порача дека бугарските власти ќе треба да преземат одговорност за, како што го нарече, „опасното решение“ да бидат домаќини на американски авиони за дополнување гориво во нивните воени капацитети.
Од Техеран наведоа дека сметаат оти станува збор за дел од поширок тренд, обвинувајќи дека и претходно биле носени одлуки кои, според нив, претставувале поддршка за американски воени операции против Иран.
Иранското министерство во исто време нагласи дека меѓу иранскиот и бугарскиот народ традиционално постоеле добри односи и дека спорот не е насочен кон граѓаните на Бугарија, туку кон одлуките на владата.
Новата реакција од Техеран уследи само неколку дена откако Доналд Трамп јавно му се заблагодари на премиерот Радев преку неговата социјална мрежа „Truth Social“, наведувајќи дека Бугарија ја поддржува одлуката за распоредување американски воздухопловни сили и покрај предупредувањата од Иран.
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
